Сабота 16.04.2022: Облачноста постепено ќе се зголемува и доцна попладне и навечер ќе има услови за локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а попладне и навечер и тоа Долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималните температури нема многу да се менуваат и ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 7 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени.
Недела 17.04.2022: Облачно и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО со повремени врнежи од дожд и истите локално и тоа особено во јужните и во југоисточните предели ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. На планините и на повисоките места врнежите од дожд полека ќе преминуваат во врнежи од снег со што ќе дојде до формирање на нова снежна покривка. Ќе дува засилен ветер од северен правец, додека минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 8 што значи дека ќе бидат повисоки и тоа поради облачноста, додека максималните дневни температури ќе бидат пониски дури за повеќе од десет степени во споредба од претходните денови и ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 11 степени.
Понеделник 18.04.2022: Продолжува претежно облачното и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО време за овој период од годината со повремени врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините. Повеќе врнежи ќе има во вечерните и ноќните часови. Услови за врнежи од дожд и снег ќе има и на некои места со помала надморска височина, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец и истиот особено Долж Повардарието ќе засилува на интензитет. Минималните температури понекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени.
Сабота 16.04.2022: Облачноста постепено ќе се зголемува и ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 18 и 19 степени.
Недела 17.04.2022: Облачно и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО со повремени врнежи од дожд и снег на планините и на некои од повисоките места. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 7 и 8 степени.
Понеделник 18.04.2022: Облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со повремени врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 7 и 8 степени.
Сабота 16.04.2022: И во овој дел од државата облачноста постепено ќе се зголемува, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 4 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 20 степени.
Недела 17.04.2022: Облачно и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО со врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 8 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 10 степени.
Понеделник 18.04.2022: Облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Минималната температура ќе се спушти до околу 3 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 9 степени.
Сабота 16.04.2022: Постепено облачноста ќе се зголемува и ќе дува слаб до умерен, а попладне и навечер засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 5 степени, додека максималните ќе се искачиуваат во интервалот од 15 до 21 степен.
Недела 17.04.2022: Облачно и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО со повремени врнежи од дожд и со засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 9 степени.
Понеделник 18.04.2022: Претежно облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од северен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени.