Цената на барел нафта на највисоко ниво

Цената на барел нафта на највисоко ниво

 

 

Важна причина за зголемувањето на цената на нафтата е високата побарувачка, бидејќи економијата се опоравува по рестрикциите поради пандемијата на коронавирусот. Додека побарувачката за енергенси ширум светот е голема, понудата е ограничена од различни причини.

Цената на нафтата од Северното Море се искачи на највисокото ниво во последните три години, цената на нафтата во САД достигна највисоко ниво во последните седум години.

Цената на барелот на лондонската берза од почетокот на годината порасна над 50 отсто, благодарејќи на подобрувањето на побарувачката за нафта поради закрепнувањето на економиите, но и поради одржувањето на производството на ОПЕК под нивото пред пандемијата.

Така цената на барел нафта на лондонската берза расте континуирано, достигнувајќи ново највисоко ниво во три години.

Покрај тоа, цените растат поради стравот од недостиг на јаглен и гас во Кина, Индија и во Европа, што го поттикна растот на цените на овие енергенси. Поради тоа, пак, некои производители на струја преминаа од гас на поевтините енергенси: нафта за греење и дизел.

Кина во минатата недела најави дека ќе интервенира за да го запре растот на цените на јаглен и обезбеди снабдување со струја пред почетокот на зимата.

И покрај растот на побарувачка, на почетокот на октомври Организацијата на земји-извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, предводени со Русија, се одлучија во ноември да го зголемат производството за само 400.000 барели дневно, како што се договорија летоска.

 

Извор: DW

 

 

Категории: Вести

Слични Новости