Тајван со парични казни за внес на производи од свинско месо

Тајван со парични казни за внес на производи од свинско месо

 

Агенцијата за храна и ветеринарство ги известува бизнис операторите и граѓаните, дека Бирото за здравствена инспекција и карантин на растенијата и животните од Тајван, од 10 јануари годинава, воведе дополнителни биосигурносни мерки за заштита од внесување на тропски болести. Засилените мерки се однесуваат и на заштита од африканска чума кај свињите, болест која неодамна беше потврдена и во Република Северна Македонија, која забрзано се шири во светот и која претставува сериозна закана и за тајванската свињарска индустрија.

Контролата на увозните пратки, базирана на анализа на ризик, вклучително и на тие по потекло од С.Македонија, се однесува на карго и поштенските пратки, како и на патничкиот багаж.

Според официјалното известување добиено од тајванските власти, на патниците од Р.С.Македонија, кои ќе се обидат илегално да внесат производи од свинско месо во Тајван, ќе им биде изречена парична казна 200 илјади нови тајвански долари (200.000 NT$). Доколку прекршокот го повторат, висината на казната ќе изнесува 1 милион нови тајвански долари (1 милион NT$).

 

Категории: Вести