Шести последователен месечен пораст кај сите млечни производи!

Шести последователен месечен пораст кај сите млечни производи!

 

 

 

ФАО индексот на цените на млечните производи за декември во просек изнесуваше 141,1 поени, што е за 6,4 %повеќе во однос на јануари, што го означи шестиот последователен месечен пораст и ставајќи го индексот за 24,8 % над неговата вредност во соодветниот месец минатата година.

Во февруари, меѓународните цени за сите млечни производи претставени во индексот се зацврстија, поткрепени со континуираното затегнување на глобалните пазари поради помалите очекувани резерви на млеко во Западна Европа и Океанија. Покрај тесните глобални залихи, постојаната побарувачка за увоз, особено од Северна Азија и Блискиот Исток, доведе до нагло зголемување на цените на полномасното млеко во прав и сирењето.

Меѓународните цени на обезмастеното млеко во прав значително се зголемија, како одраз на помалиот обем на испораки на млеко за фабриките за сушење во Западна Европа, додека цените на путерот добија поттик од високата побарувачка за набавки.

 

Извор: ФАО

Извор: ФАО

Извор: ФАО

 

Категории: Пазари, Слајдер