Џеф Безос вети две милијарди долари за борба против климатските промени

Џеф Безос вети две милијарди долари за борба против климатските промени

 

Фондот за Земјата“, создаден од основачот на технолошкиот гигант Амазон, Џеф Безос, вети две милијарди долари за борба против климатските промени преку обнова и трансформирање на земјоделските системи.

„Нашата посветеност поддржува троен императив – ние имаме должност да го зачуваме она што го имаме, да го вратиме изгубеното и да гледаме на она што ни треба во хармонија со природата“, наведе Безос во изјава.

Иницијативата од две милијарди долари објавена на конференцијата за климата во Глазгов е дел од ветувањето дадено претходно оваа година од Безос дека ќе обезбеди 10 милијарди долари до 2030 година за борба против климатските промени.

„Фондот за Земјата“ на Безос планира да искористи милијарда американски долари главно во САД и Африка за да засади дрвја што ќе ја заштитат земјата од ерозија и за обнова на области со високо ниво на јаглерод диоксид. Втората милијарда ќе биде искористена за трансформирање на земјоделските системи за да се зголемат приносите, да се намали отпадот и фрлање храна и да се промовира исхраната базирана на растенија.

 

Извор: МИА

Категории: Вести, Зелен развој