Во изминатите шеснаесет години, Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип даде значаен придонес во развојот на земјоделскиот сектор, како во Република Северна Македонија, така и во поширокиот регион. За понатамошно унапредување на секторот, Факултетот е домаќин на третиот меѓународен состанок Агро-наука и пракса (АНП 2023). Овој настан обезбедува платформа за учесниците да ги презентираат и дискутираат нивните оригинални научни и практични наоди во различни области на земјоделството.
Главната цел на третиот меѓународен состанок Агро-наука и пракса (АНП 2023) е да ги обедини земјоделските чинители, овозможувајќи им да ги споделат своите знаења, искуства и предизвици. Настанот има за цел да ги поттикне врските помеѓу истражувањето и теренската работа во земјоделскиот сектор и на локално и на меѓународно ниво.
Како крајна цел, Состанокот треба да ги промовира и поврзе научните достигнувања и практичното знаење во различни тематски области. Преку овој настан, Земјоделскиот факултет при УГД Штип се надева дека ќе продолжи да придонесува за растот и успехот на земјоделскиот сектор.
На првиот ден од настанот присуствуваа земјоделски чинители од повеќе сфери на интерес. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски одржа пригоден говор. Локална поддршка беа и професорите од Земјоделскиот Факултет при УГД Штип. Присутни беа и многу чинители од советодавниот и невладиниот сектор, меѓу кои „Аг Футура Технологии“ и невладината „Платформа за Зелен Развој“.
Слични Новости

Земјоделскиот институт при УКИМ со активности на Проектот ‘’Создавање погодна средина за подобрена отпорност на земјоделството на климатските промени’’ на ФАО

Проектот Полирурал со македонските партнери ќе работи на реформи во политиките за рурален разој со поддршка на ЕУ

Министерот Хоџа: Дијалог и со откупувачите и со производителите, е единствениот начин на кој секогаш ќе ги носиме најдобрите решенија
