Вклучете се во иницијатива за донирање на вишоците храна преку дигиталната платформа поддржана од ЕУ
Паметното управување со вишокот на храна може да реши повеќе социјални проблеми, како и намалување на штетните влијанија врз животната средина предизвикани од отпадот од храна. Со технолошките решенија кои ги нуди дигиталната платформа FoodSHare секој може да стане донатор на вишок храна и да придонесе во решавање на погореспоменатите проблеми.
Токму таков проект спроведува Здружението „Платформа за зелен развој“ од Скопје кое е одговорно за спроведување на пилот активности во Р.С. Македонија во доменот на донации за храна, како дел од Одржливиот иновативен пилот 9 во Србија и С. Македонија.
Една од специфичните цели на пилотот е создавањето на дигитална платформа FoodSHare преку која се овозможува поврзување на релевантните учесници (донатори, приматели и волонтери) односно се воспоставува долгорочна и одржлива инфраструктура за олеснување на комуникацијата помеѓу донаторите на храна, примателите и посредниците во процесот на донирање храна, а со тоа се овозможува соодветна намена на вишокот храна и намалување на отпадот од храна.
Дигиталната платформа за донација на вишок храна е едноставно решение за менаџирање со вишокот храна во функција на намалување на отпадот од храна. Преку платформата се овозможува насочување на вишокот храна во добротворни организации и за хуманитарни цели. Со користење на Foodshare платформата се поддржува прераспределбата на храна, се олеснува процесот на донирање или пристапот до вишок храна, а на тој начин се поддржува локалната заедница, се придонесува во намалување на отпадот од храна и се овозможува заштита на животната средина.
Платформата Foodshare е наменета за правни лица и претставува безбеден и погоден начин за индустријата со храна да се поврзе со добротворни организации, локалната заедница и социјални групи од прва линија со цел насочување на донациите од вишок храна. Foodshare е единствена платформа која овозможува вмрежување на индустриски производители, компании и бизниси од индустријата за храна, земјоделци, добротворни организации, здруженија или асоцијации кои се подеднакво заинтересирани и посветени на проблемите со отпадот од храна и намалување на гладувањето. Трговците на мало, земјоделците, производителите, дистрибутерите и операторите со храна можат да донираат храна што не е профитабилна за продажба, со краток рок на траење, сезонска храна или оштетена на изглед преку платформата и да ја пренасочат до добротворни организации и социјални ранливи групи. FoodSHare е потполно бесплатна платформа, овозможува транспарентна и едноставна услуга со хуманитарна цел.
Вашиот вишок храна може да биде нечиј оброк, донирајте паметно!
Придружете се и регистрирајте се на: foodshare.foodscalehub.com/mk
Повеќе информации за Дигиталната платформа за донација на вишoк храна може да најдете на:
https://www.facebook.com/GGPlatform
https://www.facebook.com/1089750167826310/videos/292648952402648