Во Собранието заврши расправата по два прелог-закони од 47-тата и од 50-тата седница

Во Собранието заврши расправата по два прелог-закони од 47-тата и од 50-тата седница

 

 

Собранието вчера расправаше по продолженијата на две седници, на 47-та и 50-тата седница. Во рамки на седмото продолжение на 47-та седница, пратениците ја завршија расправата за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, по скратена постапка.

Како портал чие основно поле на интерес е земјоделството, Моја Фарма ќе се фокусира на исходот од 50-тата седница.

Во рамки на 50-тата седница, пратенците ја завршија расправата за Предлог-законот за земјоделство и рурален развој, во прво читање. Гласањето ќе биде дополнително закажано.

Според предлагачот, основната цел поради која се предлага изменување на Законот за земјоделство и рурален развој е со цел интеграција на аплицирањето за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој кај еден орган во државна управа, олеснување на функционирањето на системите за аплицирање за финансиска подршка со цел намалување на административните процедури, и намалување на можноста на грешки во системот.

Пратеникот Здравко Трајанов од ВМРО-ДПМНЕ забележа дека покрај позитивните работи од измените и дополнувањето на законот и придобивките од дигитализацијата, спорно, е што Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе нема доволно контрола врз системите.

– Добро е што постапката за добивање на субвенции, ќе биде поедноставена, ќе биде дигитализирана. Тоа е апсолутно за поддржување. Секое поедноставување на процесите им е потребно на граѓаните, во оваа ситуација на земјоделците. Но, мене ми пречи една работа, а тоа е што Министерството за земјоделство ќе нема контрола врз системите. Ја препушта својата контрола на орган кој е на многу пониско ниво. Главните системи мора да бидат под капа на ресорното Министерство, смета Трајанов.

Според него, ако министерството има целосна контрола врз системите, тоа ќе може да следи што се случува со распределбата на субвенциите.

 

Категории: Вести