Дали механичкото опрашување на овошните насади е исплатливо и ефикасно?

Дали механичкото опрашување на овошните насади е исплатливо и ефикасно?

 

 

Израел како една од водечките земји во создавање на нови системи и концепти кои што можат да помогнат во земјоделското производство, разви систем за механичко опрашување на дрвјата. Старт-ап компанијата која што моментално ја тестира оваа опрема во Австралија и Израел, во лешникови насади, гарантира дека ова решение може да придонесе за сигурно производство на храна на места каде што имаме намалени популации на природни опрашувачи.

механичко опрашување

Системот функционира со помош на два процеса. Првиот процес е механичко прибирање на цветови, каде што се оделува поленот. Ова овозможува поленот да остане “жив” подолго време и со ова се надминува проблемот при несинхронизирано цветање на овошните дрвја. Вториот процес е апликација на поленот со помош на воздушна струја и електростатика. Со електростатиката, поленот сигурно се прилепува на цветот кој треба да биде опрашен. За точно одредување на растојанието од кое треба да биде исфрлен поленот од машината се користат Лидар сензори. Лидар сензорите работат на принцип на испуштање на ласерски зраци и мерење на времето кое што потребно зракот да стигне до посакуванатото место и рефлексијата од зракот назад до сензорот.

механичко опрашување

Иновацијата е влечна механизација која може да работи дење и ноќе, кога условите се најоптимални, гарантирајќи зголемен принос. Имплементацијата на ваков тип на технологии значи и големи економски трошоци, пред се во делот на собирање на поленот.

Сепак, оваа иновација и не е толку нова, доколку се земе предвид механичкото опрашување кое се врши во затворено производство преку вибрирање на растенијата за да го испуштат поленот. Оваа пракса се повеќе и повеќе не се употребува затоа што е заменета за подобра, поевтина и поеколошка варијанта, а тоа е испуштање на колонии од бумбари.

Од друга страна, производителите на технологии кои можат механички да вршат опрашување се сигурни само за успешноста на системот, но не и за успешноста во оплодувањето. Како пример за споредба е земен самооплодувачкиот сончоглед кој по неколку сезони дава многу слаби резултати во однос на приносот или пак тврдењата на некои земјоделци кои што увиделе дека нивниот принос е зголемен како резултат на употреба на природните опрашувачи (пчелите). Затоа секогаш кога има потреба за опрашување треба да се фокусираме кон создавање на средина која што тоа може да го овозможат природните опрашувачи, а механичкото да биде како последно решение во помагање на еден исклучително комплексен процес – опрашувањето.

 

 

Категории: Вести, Механизација