(Видео) Актуелен е повикот за аплицирање за субвенционирани набавки на системи за наводнување – Зошто да имплементирате систем капка по капка!?
Од прва рака знаеме колку може да делува збунувачки поставувањето на систем за наводнување. Изборот на правилни фитинзи, филтри и цевки е предизвик – особено за оние ентузијасти кои првпат пројавуваат интерес за земјоделско производство. Кои се предностите на системот капка по капка?
Главната предност на капка по капка системот се состои во прецизниот, ефикасниот и пред сé штедлив начин на наводнување. Со системот капка по капка насочувате онолку вода колку што му е оптимално потребна на самото растение. Притоа заштедувате вода, а резултатите коишто ги добивате се одлични. Капалките се распоредуваат на секои 30 сантиметри, овозможувајќи Ви да постигнете рамномерно наводнување директно до корените на вашите растенија. Нема загуба на вода помеѓу леите или во други области каде што немате насадено некоја култура.
Да ги погледнеме овие две куси видеа, каде што на едноставен начин е прикажано поставувањето на еден ваков практичен систем: