Водата е еден од најскапоцените ресурси во светот и бидејќи сеуште е достапна на пошироката популација, често се зема здраво за готово. Дури и денес, пристапот до безбедна вода за пиење не им е гарантиран на многу луѓе ширум светот. Климатските промени го земаат својот данок, а предвидувањата укажуваат дека оваа ситуација ќе стане уште пострашна во иднина, освен ако не почнеме да преземаме акција сега.
Мнозинството луѓе без пристап до вода живеат во рурални, изолирани области и поминуваат часови собирајќи вода. Во многу области каде постои несигурност од снабдување со вода – цевки, чешми и бунари не постојат, нивната инсталација е прескапа или едноставно не се дизајнирани да траат. Безбеден пристап до вода обезбедува поголема пристапност на децата до квалитетно образование, превенција на болести и економска сигурност. Пристапот до безбедна, чиста вода е основно човеково право.
Во ова видео, професорката Дебора Мек Грегор објаснува зошто човечките системи како комодификацијата на водата [водата во минатото не претставувала стока за трговија, за разлика од денес] се во коренот на сегашната криза, како климатските промени ќе го интензивираат недостигот на вода и зошто треба да го промениме нашиот однос кон водата за да избегнеме поголема криза која несомнено ни се заканува во иднина.
Фото: Arjun Claire