Министерот за земјоделство најави: На располагање 9,6 милиони евра од ИПАРД 2 програмата

Министерот за земјоделство најави: На располагање 9,6 милиони евра од ИПАРД 2 програмата

 

Објавен нов повик од ИПАРД 2, на располагање 9,6 милиони евра за проекти преку мерка 7.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски денеска го најавија новиот повик од ИПАРД 2 програмата.

Станува збор за Јавен повик за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ преку кој во наредниот период на микро и малите претпријатија на располагање им се 9,6 милиони евра за реализација на инвестиции во повеќе сектори.

Со денешниот јавен повик за Мерка 7, постојните но и новите претптијатија имаат огромна можност да развиваат нови брендови на пецива, колачи, пијалоци, сместувачки капацитети за рурален туризам преку кој индиректно позитивно ке се влијае и врз развојот на туризмот како и врз локалната економија.

Крајниот рок за поднесување барања е заклучно со 22 август, 2021 година. Сите заинтересирани, потребната документација може да ја симнат од веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk

Повеќе информации на следниов линк: https://bit.ly/3wvADsZ

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Вести