(Видео) Модерните земјоделски методи, императив за конкурентност на западноевропскиот пазар

(Видео) Модерните земјоделски методи, императив за конкурентност на западноевропскиот пазар

 

Промените кај домашните производители се предуслов за развој на земјоделскиот сектор. Стимулот од страна на државата со поголеми инвестиции значајно влијае врз унапредувањето во земјоделството. Само со таква поставеност и меѓусебна соработка македонските производи може да најдат место на нови пазари пред тие да бидат освоени од други.

Дванаесет странски сорти грозје се протегаат на повеќе од 100 хектари земја на компанијата „Виториа Фруит“ близу Гевгелија. Ова се последни денови за берба за оваа сезона.

„Имаме количина од 1,5 милиони килограми годишно, од кои добри 90 отсто се за извоз за пазарите во Западна Европа“, вели Иван Шуклев од „Виториа Фруит“.

 

Извор: 360stepeni.mk

Категории: Вести