Можност за дегустација на мед со врвен квалитет – Во центарот на Скопје ќе се одржи манифестацијата „Денови на македонскиот мед“
527 Прегледи
На улица „Македонија” во центарот на Скопје денеска ќе се одржи традиционалната манифестација Денови на македонскиот мед.
Манифестацијата се одржува 17-та година по ред, во организација на пчеларското здружение „Матица”.
Посетителите ќе имаат можност да дегустираат, но и да купат различни видови мед и други пчелни производи од наши, македонски пчелари, а ќе добијат, ако сакаат, и совети како да се препознае квалитетен, вистински мед.
Манифестацијата е финансиски поддржана од МЗШВ, а ќе ја отвори министерот за земјодлество, шумарство и водостопанство, Аријанит Хоџа.
Извор: МИА
Категории:
Вести
Слични Новости
Дали поскапувањето на лебот е оправдано? Земјоделците велат не, мелничарите наоѓаат оправдание во светските берзи
Една година вина со врвен квалитет, една година нови вкусови, награди во изобилие – Една година од регистрацијата на првите мали семејни винарии

