(ВИДЕО) Како се врши процесирање на оризот по жетвата

(ВИДЕО) Како се врши процесирање на оризот по жетвата

 

При жетвата на оризот, за разлика од другите житни култури, зрната се уште се обвиткани со плевици и за да се добие формата на производот која што доаѓа до крајниот потрошувач, белиот ориз, потребно е негова доработка во специјализирани капацитети за мелење и лупење.

Зрната ориз во својот состав имаат плевици, обвивка, површински дел од ендоспермот, ендосперм и ембрион. При процесот на преработка се отстрануваат сите делови освен ендоспермот, додека пак како нуспроизвод од процесот се добиваат оризови лушпи (плевици), трици и скршени зрна.

Во зависност од степенот на доработка постојат повеќе вида ориз: интегрален ориз, бел ориз, глазиран ориз и витаминизиран ориз.

Оризова арпа, интегрален ориз и исполиран ориз 

Извор: www.goldenrice.org

По жетвата, оризовата арпа се складира каде што се суши до одреден степен на влажност. Достигнување на процентот на влага од 12-14% е од особено значење бидејќи овозможува правилно процесирање со минимално кршење на зрната. 

Првиот чекор во обработката на оризот во преработувачките капацитети е остранување на плевиците. Тоа се врши со помош на специјална машина која е составена од две гумени тркала кои што се наместени многу блиску еден до друг. Двете тркала имаат различна брзина на вртење и спротивна ротација и во моментот кога зрната ќе дојдат во контакт со гумата настанува отстранување плевиците. Околу 20% проценти од арпата останува необработена и потребно да се изврши дополнителна сепарација на преостанатата арпа и исчистениот ориз, односно кафениот или интегралниот ориз. 

При сепарацијата се одделуваат крупните делови слама, камчиња, парчиња почва и ситните семиња од плевели. Дополнително, оризот може да се селектира и по големина за да се добие квалитетен производ со повисока економска вредност. 

Потоа, интегралниот ориз оди на дополнителна обработка  на отстранување на ембрионот и дополнително полирање за да се добие бел ориз. При овој процес се создават нуспроизводи (трици)  кои имаат висока хранлива вредност. Можат да бидат искористени за исхрана на добитокот или во индустријата на масло. Од триците може да се добие стабилно и високо хранливо масло.

Како последна фаза во преработката на оризот е неговото повторно сортирање по големина и одделувањето на скршените зрна. 

Како целиот процес изгледа во една современа фабрика за преработка на ориз, погледнете го следното видео: 

 

Автор: Марио Петковски

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

 

Категории: Култури