Пандемијата и климатските промени носат поскап живот – пораст на цените на храната
До октомври цените на храната би можеле да бидат за околу 14% повисоки од сега. Според анализи на светските аналитичари врз основа на анектите меѓу деловните субјекти, во овој момнет цените на храната на светските берзи се за 33% повисоки од истиот период минатата година и за 25% од просечните цени во периодот од 2014 до 2016 година.
Која е причината за ваков пораст на цените? Дефинитивно, најголема улога играат ковид 19 пандемијата и климатските промени. Заради пандемијата, прекинати се транспортите синџири и храната се потешко стига до точните дестинации. Друг проблем е што пост ковид отоворањето на економиите ги зголемува цените на работната сила која ја има се помалку. Климатските промени пак ќе бидат проблем за цените на храната и во наредниот период.
Колку ќе растат цените на храната кај нас на локално ниво, не може со сигурност да се прогнозира.
„Големата променливост на цените на светските пазари и понатаму е главниот извор на неизвесност околу идните движења на домашните цени“, се вели во соопштението на НБРМ од последниот состанок на Советот неделава.
Цените на храната во земјава континуирано растат веќе цела година. Според државната статистика, во јуни годинава цените на мало биле за 4% повисоки од истиот месец лани, а трошоците за живот биле за 2,7% зголемени во истиот период. Најмногу во оваа една година се зголемила цената на течните горива за 55%, на струјата за 7,4%, од прехранбенките производи најголем раст има кај маслото за околу 30%.
Според НБРМ, инфлацијата расте, но е под контрола.
„Во однос на инфлацијата, просечната годишна стапка на инфлација во првата половина на годината изнесува 2,4%, што е очекувана динамика со оглед на растот на светските цени на примарните производи“, велат од НБРМ.