Се очекува бум во руската живинарска индустрија – „Смена 9″ нов вид на бројлери
До крајот на 2021 година се очекува патентирање на нов вид на бројлери во Русија, наречен Смена-9. Моментално, руската живинарска индустрија е зависна од увоз на бројлери, што е причина за високите цени за месо и оплодени јајца.
Истражувачите се надеваат дека во наредниот период од 10 години, Смена-9 ќе доминира како единствен вид на бројлери и целосно ќе го направи независен рускиот пазар. Исто така, според моменталните експерименти и мерења бројлерите имаат подобри здравствени карактеристики и поквалитетен вкус. Бројлерите, на дневно ниво, качуваат по 63,5 грама во својата тежина, а до 35 ден од својот развој истите достигнуваат просечна тежина од 2,2 килограми.
Ова достигнување се должи на многугодишно истражување кое што не секогаш завршувало со успех. Смена-9 е крајниот резултат од неколку други претходници (Смена-8 и Смена-7) кои што не успеале да ги задоволат критериумите за масовно производство.
Руските истражувачи се фокусирани да создадат вид кој ќе има хармонизиран раст, односно бројлерите да имаат и добро развиени мускули на нозете и крилјата.
Во руската живинарска индустрија за производство на месо најзастапени видови на бројлери се светски познатите Рос 308, Рос 706, Коб 500 и Коб 700. Преку воведување на Смена-9 како најзастапен вид во руското живинарство, производителите ќе можат полесно да ги стабилизираат трошоците за производство.
Исто така, со воведување на домашен вид значително можат да се намалат шансите за појава на епизоотија, односно појава на болест од големи размери.
Во видеото подолу можете да видите производство на бројлери во 22 ден од нивниот развој:
Извор: Поултри Ворлд