Вторник 21.09.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за ретка појава на краткотраен дожд. Особено Долж Повардарието ќе дува умерен ветер од северен и од северозападен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Температурите ќе бидат нешто пониски за разлика од изминатите денови, и тоа поради продор на посвежа воздушна маса од север. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 17 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 5).
Среда 22.09.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, особено Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд. Поради спуштање на значително постуден воздух од север, на највисоките планински врвови не се исклучува можноста и за провејување на снег. Температурите ќе бидат уште пониски и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 28 степени, кон крајот на денот значително ќе започнат да опаѓаат. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 5).
Четврток 23.09.2021: Сончево и СВЕЖО со умерена локална облачност и со умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Наутро ќе биде и СТУДЕНО со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 11 степени. Максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).
Вторник 21.09.2021: Променливо облачно и посвежо со сончеви периоди и со услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 11 и 12 степени, додека максималните ќе се искачат до околу 23 степени.
Среда 22.09.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Попладне и навечер ќе има услови за појава на локален дожд. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 9 и 10 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 24 степени.
Четврток 23.09.2021: Сончево и СВЕЖО со умерена локална облачност и со умерен ветер од северен и од североисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 18 и 19 степени.
Вторник 21.09.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и посвежо. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Минималната температура ќе се спушти до околу 12 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 26 степени.
Среда 22.09.2021: Променливо облачно и свежо со умерен ветер од северозападен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Ќе има и сончеви периоди, а ќе има услови и за појава на локален дожд во попладневните и во вечерните часови. Минималната температура ќе се спушти до околу 12 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 23 степени.
Четврток 23.09.2021: Сончево и СВЕЖО со умерена локална облачност и со умерен ветер од северозападен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Минималната температура ќе се спушти до околу 6 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 21 степен.
Вторник 21.09.2021: Променливо облачно и посвежо со сончеви периоди и со умерен ветер од северен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 24 степени.
Среда 22.09.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и уште посвежо. Ќе дува умерен ветер од северен правец кој повремено ќе засилува на интезнитет. Попладне и навечер ќе има услови за локален дожд. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 21 степен.
Четврток 23.09.2021: Сончево и СВЕЖО со умерена локална облачност и со умерен, повремено и локално засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 16 и 19 степени.
Не очекува ладен и влажен бран кој може да го поттикне развојот на сивото гниење кај виновата лоза.