Домашните потрошувачи сакаат јагнешко, но не знаат дека меѓу најквалитетните е месото од нашата автохтона „Праменка Овчеполка“
311 Прегледи
– Месото од македонската автохтона раса овци „Праменка Овчеполка“ е едно од најдбрите во европски и светски рамки, но домашните потрошувачи се уште не го препознаваат. Тие имаа можност да дегустираат и да дадат оценка за неговиот вкус и квалитет.
Презентацијата и дегустацијата се одржа вчера во Градскиот трговиски центар во Скопје и е прва по 1955 година. Ја организираше Здружението на одгледувачи на домашната автохтона раса овци „Праменка Овчеполка“ во соработка со земјоделскaта задруга „Еко Овчеполка“.