Бензините и дизелот поевтинуваат за 3,5 денари

Бензините и дизелот поевтинуваат за 3,5 денари

 

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи од полноќ да се намалат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,28%.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 3,016 ден/кг и сега ќе изнесува 38,527 ден/кг.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се намалат за 3,50 ден/лит.  Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се намалат за 3,00 ден/лит.

Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 71,00  ден/лит и 73,00 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-98,  а пак малопродажната цена за Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 62,50 ден/лит, односно 63,00 ден/лит за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) .

 

Категории: Вести