Светската организација за здравје на животните: Птичјиот грип повторно почна брзо да се шири

Светската организација за здравје на животните: Птичјиот грип повторно почна брзо да се шири

 

Појавата на птичјиот грип е причина за растење загриженоста во живинарската индустрија. За време на претходните епидемиии беа уништени десетици милиони живина. Исто така и можноста вирусот да се пренесе на луѓето е уште една причина за загриженост нагласуваат епидемиолозите.

Во изминатите денови регистрирани се неколку сериозни епидемии на птичји грип во Европа и Азија, што укажува дека вирусот повторно почна брзо да се шири, соопшти Светската организација за здравје на животните (ОИЕ).

Кина пријавила 21 инфекција со подтипот на птичји грип Х5Н6 кај луѓето годинава, што е повеќе отколку во 2020 година, пишува Си-ен-ен.

Јужна Кореја пријавила појава на оваа болест на фарма со околу 770.000 живина во провинцијата Чунгчеонгбук-до, соопшти вчера ОИЕ. Сите животни биле заклани.

Во Јапонија исто така е забележана прва појава на птичји грип во зимската сезона во 2021 година на живинарска фарма во североисточниот дел на земјата.

Вирусот во Европа е регистриран во Норвешка во округот Рогаланд во јато од 7000 птици, соопшти ОИЕ. Епидемиите обично се случуваат наесен и се шират со дивите птици преселници.

Белгиската влада ја стави земјата под зголемен ризик од птичји грип, наредувајќи живината да се чува во затворени простории, откако беше идентификувана високопатогена варијанта на птичји грип во дива гуска во близина на Антверпен.

Вакви мерки беа воведени и во Франција претходно овој месец и во Холандија во октомври.

Високо патогениот птичји грип Х5 се појави на мала живинарска фарма во централна Англија, потврди британскиот министер за земјоделство пред една недела, исто така и Полска пријави појава на птичји грип Х5Н1 на неколку фарми.

Ќе биде убиена целата живина во погодените локации во Британија, во близина на Алчестер во Варвикшир. Болеста се појави помалку од една недела откако Британија прогласи национална зона за превенција од птичји грип, наредувајќи им на фармите и на луѓето кои чуваат птици да ги заострат мерките за биосигурност.

Видот Х5Н1 претходно беше потврден кај мало јато кокошки во северен Велс, кај заробени птици на истокот на Шкотска и во центар за спасување птици во централна Англија.

Полска пријавила појава на птичји грип Х5Н1 на неколку живинарски фарми со вкупно 650.000 парчиња живина, според ОИЕ. Вирусот се шири во Европа во изминатите месец дена и е потврден во Германија, Италија и Данска.

Птичјиот грип не може да се пренесе на луѓето со консумирање производи од живина.

 

Категории: Вести