Вистинска закана на складираната пченка – Житниот жижок

Вистинска закана на складираната пченка – Житниот жижок

 

Житниот жижок е инсект кој се храни со житарици и претставува глобално распространет штетник. Овој инсект го нема во природата и неговото присуство е ограничено само во складишните капацитети. Може да предизвика големи штети врз складираните житарици и драстично да го намали приносот.

Големината може да биде измеѓу 3 и 5 милиметри со издолжен устен апарат за грицкање. Во зависност од тоа каква житарица е складирана, тие можат да варираат во големина. Најмногу растат кога се присутни во складишта со пченка. Имаат црвенкаво-кафеава боја и по должината на телото имаат ситни точкести вдлабнатини.

Женката има способност да снесе од 36 до 254 јајца и типично за овој штетник е тоа што секое јајце го полага во посебно семе. Од моментот на полагање, во внатрешноста од семето, инсектот ги поминува двете фази (фаза на ларва и кукла). Во ларвен стадиум, исхраната се состои исклучиво од семето и притоа ларвата создава пат за да излезе од семето. Овој циклус трае од 5 до 20 недели во зависност од температурата, додека животниот век на житниот жижок може да биде до 8 месеци по изведувањето на јајцата.

Житниот жижок

Интересен е фактот што женките скоро никогаш не снесуваат повеќе од едно јајце во едно семе, што дополнително придонесува за количината на упропастеното семе и последователно поголеми загуби во принос.

На глобално ниво причинува огромни штети, но досега нема конкретни податоци за влијанието на овој штетник пред сѐ поради тешкото препознавање на зрната каде што веќе има снесено јајца. Обично при детекција на присуството потребно е да се уништи целата количина која што е складирана. Исто така, употребувани се и голем број на методи за борба против овој штетник кои вклучуваат употреба на пестициди, фумиганти или пак предаторски организми, но овие методи имаат мала стапка на успешност.

Клучна улога во спречувањето на развојот на житниот жижок е одржување на правилна хигиена во складиштето и навремена детекција. Најлесен метод за препознавање е потопување на зрната во вода, при што заразените зрна испловуваат на површината на водата.

 

Автор: Марио Петковски

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.