Вргањот е кралот на планинските печурки – Топ три здравствени придобивки
Вргањот често го нарекуваат и крал на печурките поради уникатниот вкус. Како состојка се комбинира со месо и зеленчук, а плодот е доста здрав за организмот. Оваа печурка е меѓу поскапите на пазарот, но не е меѓу најексклузивните па така може да се набави свежа, но и преработена по пристојна цена.
Вргањот е меѓу најчесто застапените печурки на високите македонски планини и најчесто се користи за подготовка на вкусни чорби.
Периодот во кој вирее е токму летниот, од јуни до ноември. Вргањот расте во листопадни и зимзелени шуми и се карактеризира со бело-кафена боја на ,,чадорчето’’ и дршка која се задебелува од горе надолу. Ова е една од најквалитетните печурки, во однос на богатиот вкус и хранливоста.
Како и останатите печурки, така и вргањот има висока нутритивна вредност, богата со протеини, влакна и јаглехидрати. Дневните потребни количини на железо се достапни во 100 гр сушен вргањ. Вргањот има антивоспалително својство поради големите количини на каротеноди, витамин Ц и ликопен.
Неколку здравствени придобивки од конзумирањето на вргањот:
- Богат со антиоксиданси
Спречувањето на оксидативниот стрес помага во намалување на развојот на хронична инфламација или воспаление во организмот, која е еден од главните ризик-фактори за хроничните заболувања, како: канцер, кардиоваскуларни заболувања, Алцхајмер итн. Во спречувањето на овие процеси, клучна улога играат антиоксидантите. Вргањот има значителна антиоксидативна содржина, вклучително каротеноиди, аскорбинска киселина (витамин Ц) и ликопен.
- Помага при слабеење
Вргањот содржи огромен процент растителни влакна и вода (ако е свеж), но и висок процент на протеини. Поради сите овие компоменти, оваа печурка е особено погодна храна при слабеењето. Растителните влакна позитивно влијаат на цревната микрофлора, од чиј баланс зависи и целокупното здравје како и правилно работење на перисталтиката.
- Одличен извор на протеини
23 g протеин на само 28 g маса, е одличен процент на протеини, што може да задоволи значителен дел од дневните потреби за овој макронутриент.
Заради овие причини, вргањот е одличен протеински извор за оние кои избегнуваат или воопшто не јадат месо. Дополнително, убавиот вкус и високата содржина на железо, го прави вргањот идеална замена за месо.
Доволното внесување на протеини преку исхраната е особено важно од многу аспекти, како одржување на мускулната маса, градење и обновување на ткивата итн. Дополнително, протеините делуваат на намалување на апетитот, одржување на нормалните нивоа на глукоза во крвта и помагаат во намалување на килограмите.