[Втор дел] Првата млечна фарма на Нестле со нулта емисија на јаглерод

[Втор дел] Првата млечна фарма на Нестле со нулта емисија на јаглерод

 

Во претходниот текст на оваа тема – ви ја раскажавме успешната приказна на млечната фарма Скимелкранс во Јужна Африка. Таа е една од фармите кои го снабдуваат Нестле со млеко. Скимелкранс успеа емисијата на јаглерод да ја сведе на нула, и сопствениците се посебно горди на тоа. Во овој текст, ќе се задржиме на стратегиите и процесите кои се воспоставени на фармата, а преку кои беше постигнат овој успех.

Ховен Мејер, менаџер на групацијата Нестле за земјоделски услуги во регионот на Источна и Јужна Африка – ги образложува стратегиите на фармата во справувањето со емисиите на јаглерод со цел тие да стигнат до нула и дискутира за почвата, водата, пасиштата/добиточната храна, ѓубривото, обновливата енергија, па дури и за ферментацијата на храната во цревниот систем на животните.

  • Почва: Направена е целосна анализа на почвата на фармата. Извршени се испитувања на целата површина од 600 хектари за да се одреди базичниот јаглероден отпечаток на сите различни компоненти. Од анализата на почвата, со помош на специјалисти, испланирана е целосна програма за корекција на почвата, а како краен резултат би се постигнал идеален статус на самата почва. Различните интервенции вклучуваат корекција на рН вредноста (вар/гипс), користење органско ѓубриво (пилешко ѓубриво), намалување на хемиските ѓубрива и решавање на сите микро-недостатоци на почвата со цел подобрување на здравјето на самата почва. Целосна анализа на почвата на фармата ќе се прави еднаш годишно за да се утврди подобрувањето и и да се детектираат нови области за интервенција.
  • Вода: Целиот систем за наводнување на фармата е поврзан со компјутеризиран систем за читање на влага во почвата, каде што податоците за влагата се внесуваат секој час, а мерењата се од различни длабочини на коренот, што резултира со максимална заштеда на вода на фармата. Овој систем веќе докажа 15% заштеда на вода на пасиштата на годишно ниво.
  • Пасишта/добиточна храна: Основањето на повеќегодишни пасишта беше од корист во практиките за минимална обработка на фармата. Фармата базирана на пасишта во моментов се состои од површина за паша од 600 хектари од кои 400 хектари се под централно стожерно наводнување, а 200 хектари суви површини се користат за производство на сува добиточна храна. Моделот обезбедува 80% храна за фармата со 20% откупен концентрат за добиточна храна.
  • Ѓубриво: Постојниот систем кој беше во форма на „езерце за ѓубриво“ беше сменет во брана за мешање со преса за ѓубриво. За време на молзењето, кравјото ѓубриво од одделот за молзење се чисти, се собира и се одвојува во течности и цврсти материи со преса за ѓубриво. Со течностите директно се наводнуваат пасиштата, додека цврстите материи се носат на помалку плодно земјоделско земјиште и се ослободуваат како компост. Покрај тоа, фармата користи околу 4.000 тони пилешко ѓубриво како органско ѓубриво – заменувајќи некои хемиски ѓубрива со висок јаглероден отпечаток.
  • Обновлива енергија: Соларна централа е инсталирана за намалување на конвенционалната употреба на електрична енергија, а фармата веќе постигна пад од 40% во употребата на конвенционалната на енергија. Вишокот соларна енергија произведена преку ден се внесува во општинскиот мрежен систем.
  • Ферментацијата на храната во цревниот систем на животните / Производство на метан: Во тек се испитувања во соработка со „Research Farm & Academia“ за да се оценат адитивите, односно компонентите за добиточна храна со помало влијание на метан.

 

Извор: www.dairyglobal.net

 

Категории: Вести, Зелен развој