Димковски: Во раноградинарството потребно е да се инвестира во нови современи пластеници
,,Не треба да стравуваат од конкуренција, туку да инвестираат во нови современи пластеници.”
Ова е одговорот на заменик министерот за земјоделство Трајан Димковски во врска со загриженоста на струмичките раноградинари заради кревањето на рампите за брз и слободен влез на домати и краставици од Албанија со потпишувањето на договорите за Отворен Балкан.
Албанското раноградинарство заради близината на морето и поволната клима стасува заедно со струмичкото па и порано со тоа што нема трошоци за греење и досега лесно го преземаше домашниот но и пазарите каде традиционално се извезуваше нашиот зеленчук.
Платежната агенција годинава ја сумираше како успешна со над 90% реализирани исплати на субвенциите и речиси целосна искористеност на годишниот буџет доделен од Европа за Ипард програмите.
Агенцијата за храна и ветеринарство очекува од следната година да се отворат нови можности за извоз на јагнињата откако земјава го потврди статусот на земја слободна од болеста чума кај овци и кози.
Извор: Кана5