Доколку сакаме развиен земјоделски сектор неопходна е брза дигитализацијата во иднина

Доколку сакаме развиен земјоделски сектор неопходна е брза дигитализацијата во иднина

 

Резултатите од  9 месечно истражување спроведено во општините Кривогаштани, Старо Нагоричане и Врапчиште покажаа дека само 4,5% од населението во руралните средини се информира за работењето на општините преку нивните веб страни, 48% се уште дел од работите ги завршува преку шалтер.

Ова укажува на нискиот степен на дигитална писменост на оваа категорија граѓани. Иако пандемијата го поттикна користењето на е услугите во сите области, тоа не е случај со македонското земјоделство. Дури и режиските трошоци како, струја, вода итн.. се плаќаат онлајн.

„Она што кај населението од руралните средини се упте преовладува е ниската доверба во електронското издавање на документи, всушност и ниската доверба во самиот систем на државата“, рече Лилјана Јоноски, извршна директорка во Рурална Коалиција.

Од друга страна тука е нискиот степен на развој локалните е-услуги во руралните средини, недоволно развиената ИКТ структура, недостиг на човечки ресурси и опрема.

„Користиме да речам примитивен начин на комуникација, прво се слушаме лично со луѓето, му го средувме документот, го вадиме, му испраќаме уплатница, која да ја уплатат, ни врраќаат фотографија од уплатена уплатница и преку е маил му го доставуваме документот“, кажа Николче Папучкоски, Општина Кривогаштани.

Со дигитализација нa Општините би се намалила и корупцијата и барањето врски да се заврши некоја работа.

„Електронската апликација е подеднакво досттапна за сите и не се правии разлика кој од каде е или кој од каде доаѓа или со кого се познава и се смета дека тоа е еден од налините како да се обезбеди реформа на локалната администрација“, истакна Јоноски, од Рурална Коалиција.

Брзата дигитализацијата е неопходна во иднина доколку сакаме развиен земјоделски сектор.

 

Извор: Сител

Категории: Вести