Глобален раст на пазарот на био-органски ѓубрива: големина, сегменти, трендови за 2023-2030 година

Глобален раст на пазарот на био-органски ѓубрива: големина, сегменти, трендови за 2023-2030 година

 

Пазарот на био-органски ѓубрива доживеа значителен раст и тој тренд се очекува да продолжи во периодот од 2023 до 2030 година. Сегментите на пазарот се широки и опфаќаат различни групи на клиенти, вклучувајќи ги бизнисите, владините агенции и непрофитните организации.

Еден од главните трендови што влијаат на пазарот на био-органски ѓубрива е зголеменото усвојување на практики на органско земјоделство. Потрошувачите сѐ повеќе се информирани за негативните влијанија на хемиските ѓубрива и пестицидите врз животната средина и своето здравје, што ги поттикнува да изберат органски производи. Затоа, побарувачката за био-органски ѓубрива се зголемува и бројот на земјоделци кои го одбираат органско земјоделство расте.

Друг фактор што влијае на пазарот на био-орагнски ѓубрива се веќе постоечките владини иницијативи и регулативи. Владите ширум светот се обидуваат да ги поттикнат одржливите земјоделски практики и да ја намалат употребата на хемиски ѓубрива и пестициди. Тие создаваат политики и регулаторни рамки кои ги поттикнуваат земјоделците да изберат био-органски ѓубрива како еколошки прифатлива алтернатива.

Се забележува и значително зголемување на побарувачката за органски прехранбени производи. Потрошувачите се посветени на  природна храна, што ги поттикнува да изберат органски производи. Био-органските ѓубрива имаат значајна улога во подобрувањето на плодноста на почвата и промовирањето на здрав раст на растенијата

Био-органските ѓубрива донесуваат придобивки за животната средина и подобрување на здравјето на почвата. Тие ја подобруваат структурата на почвата, ја зголемуваат хранливоста и ја стимулираат активноста на корисните микроорганизми. Ова воедно значи дека земјоделците можат да го зголемат својот профит и да го подобрат квалитетот на своите производи.

Комплементарно на оваа содржина од пазарот на био органски ѓубрива, проектот Б-Ферст финансиран од страна на ЕУ има за цел  да го интегрира валоризирањето на био-отпадот во земјоделското управување преку создавање на нови кружни (циркуларни) и био-базирани синџири кои започнуваат од биолошкиот отпад. Проектот Б-Ферст промовира директна интеракција помеѓу фармерите и секторот за ѓубрива, со цел да го промени пристапот кон вештачките ѓубрива, преку развојот на осум иновативни ѓубрива со специјализирани хранливи материи кои ќе обезбедени со прилагодено дозирање приспособено на потребите на земјоделците, се цел  подобрување на ефикасноста и одржливоста.

Приоритетите на проектот Б-Ферст вклучуваат:

  • Валоризација на недоволно експлоатираниот био-отпад за одржливо земјоделско управување.
  • Развој на осум нови производи за широка потрошувачка на зелени ѓубрива кои се достапни по конкурентни цени.
  • Намалување на зависноста од суровините преку замена на 15-40% со биолошки отпад.
  • Подобрување на одржливоста и управувањето на вештачките ѓубрива во земјоделството.
  • Намалување на потрошувачката на вода, енергија и јаглерод за 10%.
  • Дефинирање на упатства за сертификација и стандарди за квалитет на ниво на ЕУ.
  • Подобрување на економската состојба на земјоделците преку развој на прилагодени хранливи материи.

Проектот Б-Ферст претставува значителен напор во промовирањето на одржливо земјоделство и развојот на био-базирани ѓубрива, што допринесува кон заштита на животната средина и одржлив раст на земјоделската индустрија.

 

Автор: Јована Милосављева

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.