Драстичен скок на цените на храната на глобално ниво – Предвидувањата упатуваат на уште поголем раст!

Драстичен скок на цените на храната на глобално ниво – Предвидувањата упатуваат на уште поголем раст!

 

Генералниот индекс на цени на храната на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) во април 2021 година во просек изнесува 120,9 поени што е за 2,0 поени (1,7 проценти) повисок во споредба со март и дури 28,4 поени (30,8 проценти) повисок за истиот период минатата година.

Ова зголемување на индексот на цени на храна е единаесетти последователен месечен пораст на вредноста на овој индекс од мај 2020 година. Априлскиот пораст на цените на храната е предводен од силното зголемување на цените на шеќерот, проследено со раст на цените на маслото за домаќинства, месо, млечни производи и житни култури.

Ваквите промени на цени веќе почнуваат да се одразуваат и на македонската прехранбена индустрија посебно во потсекторот на месо и индустријата на кондиторски производи. 

Континуираните предизвици во логистичките синџири во меѓународната трговија како резултат на пандемијата како и песимистичките прогнози за жетвата кај клучните производители на житарици се сили кои и понатаму ќе притискаат за пораст на цените и во идниот период.

Автор: Благоја Муканов

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

 

Категории: Пазари