Еден трилион долари вреден пазар – Виртуелни ресторани, иднината на угостителскиот сектор!

Еден трилион долари вреден пазар – Виртуелни ресторани, иднината на угостителскиот сектор!

Адаптирање на ПРЕДИЗВИЦИТЕ

еден трилион долари

 

Со оглед на предизвиците со кои Светот е соочен последниве две години, дефинитивно најпогоден беше угостителскиот сектор. Поради забраната за движење која беше наметната од страна на КОВИД-19 мерките, многу ресторани или пропаднаа или пробаа да се адаптираат на новонастанатата ситуација. Оние ресторани кои се адаптираа, примарен фокус им стана испорака на храната до вашиот праг. Целокупниот профит кој го остваруваат овие реформирани ресторани се проценува на вредност околу еден трилион долари.

Дополнителен чекор напред беа и апликациите за мобилни телефони, кои дополнително го олеснија процесот за нарачка на храна. Но, соочен со „новата реалност“, еден американски шеф (готвач) одлучи да проникне подлабоко во суштината на нештата.

Имено, нарачувајќи храна онлајн од навидум различни ресторани – при неврзан разговор со лицата кои му ја испорачуваат храната, сфаќа дека сите нарачки доаѓаат всушност од еден ист ресторан.

Суштината на ПРОБЛЕМОТ

За да стане појасно за што говориме – еден сопственик на ресторан, отвара повеќе фиктивни веб портали со различни имиња, со цел да се создаде впечаток дека обичниот купувач (во конкретниов случај американскиот шеф) има широка палета на избор на ресторани.

Овие ресторани се познати уште како виртуелни ресторани, или ресторани духови. Овој епитет го носат поради тоа што, освен нивното онлајн постоење, немаат конкретна физичка локација на постоење и функционирање. Храната која ја нудат овие ресторани, обично доаѓа од една централна кујна. Ваквиот начин на водење угостителски локал претставува сеизмичка промена во угостителскиот сектор.

Според некои ова е само една обична манипулација, измама на обичниот граѓанин. Според други, ова претставува одлична можност за заработка и генијална идеја. Кое и да е вашето мислење – неспорно е дека овој начин на раководење на бизнис е максимално профитабилен!

Бројките со кои се шпекулира, достигнуваат до пазар вреден над неверојатни еден трилион долари! Погледнете го следново видео, каде што многу добро е објаснет целиот процес на функционирање на овие т.н. ресторани духови.

 

Категории: Вести