Ефикасен и необичен начин за отстранување на Компировата Златица во насадите

Ефикасен и необичен начин за отстранување на Компировата Златица во насадите

 

Не секогаш е потребна имплементација на висока технологија и нови видови на хемиска заштита за да имаме сигурност во заштитата на земјоделските култури. Холандскиот пронаоѓач Јорис Ван дер Камп осмислил приклучна механизација која може механички да отстранува поголеми инсекти и ларви во насади од компир. Механизацијата може да се закачи на предниот или на задниот дел од тракторот, при што опфаќа 4 реда во насадот. Функционира на принцип на механички удари со помош на тенки крилца направени од пластика кои се придвижувани со помош на осум хидраулични мотори. За секој ред има по два мотора кои ги ротираат пластичните крилца и го „удираат“ растението и како краен резултат настанува буткање на присутните инсекти во специјализиран собирачки контејнер. Подоцна, по завршувањето на операцијата, инсектите кои што се собрани во контејнерот се уништуваат настрана од полето.

Висината на моторите може да се прилагоди во зависност од висината на растенијата. Првичните резултати од експериментирањето кое се одвивало на органска фарма покажале доста голем успех, отстранувајќи од 50% до 60% од присутните бубачки.

Исто така, доколку оваа иновативна машина се закачи на предниот дел од тракторот истовремено овозможува приклучување и на дополнителна механизација на задниот дел за извршување на друга операција како што е меѓуредовата култивација за отстранување на плевели.

Во продолжение можете да ја видите машината на дело:

Автор: Марио Петковски

Категории: Производство