Жолто портокаловите нијанси на омилената есенска намирница кријат многу здрави состојки

Жолто портокаловите нијанси на омилената есенска намирница кријат многу здрави состојки

 

 

Тиквата може да се пофали со своите анти-дијабетични, анти-оксидативни, анти-канцерогени и анти-инфламаторни својства. Тоа значи дека превентивно влијае на регулација на шеќерот во крвта, ги штити од оксидација на клетките, се бори против можните воспаленија на организмот од различни причинители, па со тоа го чува и нашиот целокупен имунитет.

Тиквата се смета за зеленчук и припаѓа во истата група со краставиците, дињите, лубеницата. Освен специфичниот вкус и текстура, тиквата ни нуди импресивен хранлив состав, особено од микронутриенти.

Tиквата е една од најдобрите извори на бета каротен, антиоксиданс кој ја дава портокаловата боја на зеленчукот и овошјето. Телото го претвора секој внесен бета каротен во витамин А. Конзумирањето на храна богата со бета каротен помага во намалување на ризикот од развој на одредени видови на канцер, превенција од астма и срцеви заболувања, како и позитивно влијае на здравјето на очите (намалување на ризикот од макуларна дегенерација поврзана со возраста). Антиоксидативната моќ на бета каротенот делува во борбата спречување на ефектите од стареењето на вашата кожа.

Освен бета каротен, таа е добар извор на витамин Ц, витамин Е, железо и фолна киселина, кои придонесуваат за зајакнување на имунолошки систем.

Богатата портокалова боја на тиква е знак дека има големи количини на калиум. Ова е клучно за намалување на крвниот притисок. Повисоките нивоа на калиум може да го намалат ризикот од мозочен удар, камења во бубрезите и дијабетес тип 2, а позитивно влијае и на здравјето на коските.

Тиквите се нискокалорична храна која содржи растителни влакна. Затоа се препорачуваат за оние кои сакаат да ослабат. Влакната прават подолго време да се чувстувате сити и го намалуваат апетитот, а истовремено имаат позитивно влијание на дигестивното здравје.

здравје тиква

Во 100 g варена тиква содржи:

26 калории (kcal)

1 g протеини

0.5 g влакна

0,1 g маснотии

6,5 g јаглени хидрати

21 mg калциум     2%

0,8 mg железо 4%

340 mg калиум 7%

369 mg витамин А 41%

9 mg витамин Ц 10 %

Бидејќи е сезона на тиква, еве некои идеи како може да ја подготвите тиквата. Kaj нас најпопуларни и наједноставни за подготовка се варената и печената тиква, а можете да ја подготвите и на пареа. Меѓу останатите деликатеси можеме да ги споменеме и: крем-супата од тиква, мафини од тиква, тестенини од тиква, тивка како прилог со пилешко месо, како и вкусниот тикварник. Во продолжение прочитајте го рецептот за вкусен тикварник.

Потребни состојки за подготовка на тикварник:

1,5 kg тиква

50 ml масло

250-300 g млеко

1 лажици мед

2 ванила шеќер

3 јајца

тиква здравје

Тиквата треба да се исчисти од семките и кората и исечена на коцки да се стави во тенџере. Варете ја на средна температура во малку вода со покриен капак, да се динста. Така нема да се распаѓа во тенџерето, а од пареата секаде убаво ќе се свари. Додека е уште топла ставете ја во тепсијата (бр.28) во која ќе печете и испасирајте ја. Скршете ги јајцата и убаво измешајте, па додадете го шеќерот, ванилата, маслото и млекото и пак добро измешајте. Печете на 180 степени 20-30 минути, додека горниот слој не добие румена боја. Млекото исто така зависи од тоа колку е сува (посна) тиквата. Воглавно содржината во тепсијата треба да биди густа одприлика како онаа за кекс (паднишпан) за да на крај добиете сочно испечен тикварник.

тиква здравје

Ако печете или варите тиква не ги фрлајте семките од тиква. Тие содржат многу хранливи материи и растителни соединенија за кои е докажано дека обезбедуваат уникатни здравствени придобивки.

Освен што содржат антиоксиданси како каротеноиди и витамин Е, содржат и масни киселини, цинк и магнезиум. Ако внесувате потребните дневни количини на магнезиум, ќе ги почувствувате бенифитите како:  контролирање на крвниот притисок, намалување на ризикот од срцеви заболувања, одржување на здравјето на здрави коски, а може и да помогне во намалување на ризикот од појава на дијабетесот 2.

Семките од тиква содржи триптофан, аминокиселина која помага да се направи хемикалија наречена серотонин. Покрај тоа што позитивно влијае на расположението, серотонинот игра важна улога во подобрувањето на квалитетот на сонот. 200 g семки од тиква содржат 1g триптофан, а тоа е доволно за да се запазат дневните потреби за внес на оваа амино киселина.

тиква здравје

Ако сакате да ги искусите придобивките од семките од тиква, тие лесно може да се вклучат во вашата исхрана. Освен што се здрави грицки, може да ги додадете во смути, јогурт и овошје. Можете да ги вклучите во оброците така што ќе ги попрскате во салати, супи или житарки. Некои луѓе користат семки од тиква во печењето, како состојка за сладок или солени леб и колачи.

 

Категории: Здрава храна