Забележан пад на шумското производство за 1,4%
625 Прегледи
Преглед
Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во второто тримесечје од 2021 година, во однос на второто тримесечје од 2020 година, е намалено за 1,4 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.
Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од листопадни видови, рудничкото дрво од иглолисни и листопадни видови и огревното дрво од иглолисни видови.
Намалување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни видови, другото обло дрво од иглолисни видови, просторното дрво од иглолисни видови и огревното дрво од листопадни видови. Во истиот период продажбата на шумски сортименти изнесува 129 832 метри кубни и бележи зголемување за 0,8 отсто.
Извор: МИА
Категории:
Вести
Слични Новости
Снабдувањето со храна во светот на агендата на претстојниот состанок на министрите за земјоделство на Г-7 групата
Тренчевска: Заедно ќе работиме на решение за прашањето за родителско отсуство и боледување на земјоделките и земјоделците
Потпишан меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Земјоделскиот институт при УКИМ

