(Видео) Димковски: Се проширува Интервентниот фонд за земјоделство, за поголема поддршка за земјоделците
Во време на глобална криза, кога и цената и побарувачката на важни земјоделски производи е на високо ниво, Владата предводена од СДСМ презема чекори за помош и поддршка на домашното земјоделско производство, изјави на прес-конференција Трајан Димковски, член на Комисија за земјоделство на СДСМ.
„За таа цел, за прв пат се воведува Програма за интервентен фонд за земјоделството, во вредност од 250 милиони денари.
Овие средства во голем дел ќе бидат наменети за поддршка на сточарството и за растително производство, односно за житните култури.
120 милиони денари се наменети за субвенционирање на набавката на вештачки ѓубрива за производителите на пченица и јачмен.
Дополнително, поради високата цена на нафтата, годинава, направено е усогласување и на износот за реализација на мерката „зелена нафта“ кој е зголемен за 13 отсто“, истакна Димковски.