Интервентниот фонд ќе се прошири со нови мерки – Субвенции за набавка на вештачки ѓубрива за пченка, сончоглед и ориз
Интервентниот фонд ќе се прошири со нови мерки, обезбедуваме дополнителни субвенции за набавка на вештачко ѓубриво и за сончоглед, пченка и ориз, најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на средбата со земјоделците во Штип. Министерот порача дека сите механизми и мерки се ставени во функција на обезбедување на одржливо земјоделско производство и стабилност на храна.
„Субвенцијата за набавка на вештачко ѓубриво за сончоглед, пченка и ориз се планира да биде 3.000 денари, а измените на Програмата за интервентен фонд ќе бидат предложени од страна на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на следната владина седница. Во ова време на глобална економска криза навремено и неселективно даваме финансиска поддршка за земјоделците, им помагаме кога е најпотребно, да имаат помали трошоци, да можат навремени да ги применат сите агротехнички мерки.И оваа година пред почетокот на новата сеидбена сезона за сончогледот ги исплативме субвенциите, за да можат земјоделците навреме да сеат, за да имаат пари за производствените трошоци. Вчера Платежната агенција исплати исплати над 450 милиони денари субвенции за поледелски култури меѓу кои и за сончогледот и маслодајната репка на вкупно 24.753 земјоделци“, изјави министерот Николовски.
На средбата со земјоделците се разговараше за актуелната состојба, мерките за поддршка на земјоделството и руралниот развој и за предлозите на земјоделците.