Познатиот ланец на супермаркети Лидл од Германија наскоро ќе влезе и на македонскиот пазар, барем такви се најавите од владиниот врв.
Очекувањата се дека Лидл ќе инвестира околу 300 милиони евра. Во Скопје ќе биде отворено откупно-дистрибутивен Центар. Најверојатно и првиот голем маркет ќе биде отворен во главниот град.
Во почетните фаза уште седум маркети на Лидл ќе никнат ширум земјата. Исто така е предвидено Лидл да откупува македонски производи кои ќе ги продава во отворените маркети, но и да ги пласира и во регионот.
„Лидл“ ќе има обврска да откупува земјоделски и кондиторски производи, се разбира кои што се компетитивни, и да ги продава во своите ланци низ Југоисточна Европа“ потенцираше премиерот Зоран Заев при претставување на информации поврзани со инвестицијата на германскиот синџир на маркети.
Лидл е препознатлив по тоа што има многу ниски цени на производите и голем избор на брендови на “рафтовите”.