Како да го подготвите традиционалното јагнешко за Велигден со многу зеленчук?

Како да го подготвите традиционалното јагнешко за Велигден со многу зеленчук?

 

 

Секој Велигден традиционално јадење на празничните трпези е јагнешкото месо. Има многу начини како би можеле да го приготвите, но Ви препорачуваме јагнешко полнето со зеленчук.

За подготовка на овој рецепт Ви се потребни следниве состојки:

  • 1 заден јагнешки бут
  • 500 g спанаќ
  • 200 g кашкавал
  • 300 g грашок
  • 300 g брокула
  • 200 g ориз
  • 2 јајца
  • 3 моркова
  • 1 главица кромид
  • ¼ пашканат
  • малку целер
  • масло за јадење
  • пола китка магданос
  • масло за јадење
  • сол и бибер по желба

 

Во тенџере со загреано масло, го ставаме претходно исчистениот и измиен спанаќ, да се издинста. На јагнешкиот бут му ги отстрануваме коските и го засекуваме на повеќе места за да добиеме рамна површина за полесно роловање. Потоа го посолуваме и наросуваме со црн бибер, и го виткаме во ролат за да ги впие зачините.

Морковите и кромидот ги сецкаме на коцки и ги додаваме во тенџерето со спанаќ. Исто така и пашканатот, целерот, магданосот ги сецкаме и ги додаваме во тенџерето. Во  тенџерето додаваме по 50 g од брокулата и грашокот и мешаме. Го тргаме тенџерето од оган. Јајцата ги кршиме и мешајќи ги додаваме во тенџетето. Го отвараме ролатот, месото го толчиме, врз месото го нанесуваме филот од тенџерето и виткаме ролат. Ролатот го зацврстуваме со готварски конец.

Тавата за печење ја попрскуваме со масло. Ролатот го ставаме во тавата, додаваме 200 ml вода. Ја ставаме тавата во рерна и печеме 30 минути  на температура  од 220 степени покриено со алуминиумска фолија. Потоа ја вадиме алуминиумската фолија и печеме уште 1 час и 10 минути на температура од 200 степени. Тавата ја вадиме од рерна и го отстрануваме конецот. Кашкавалот го сечкаме на тенки парчиња, кои ги редиме врз ролатот. Ја враќаме тавата во рерна и печеме уште 10-тина минути на истата температура.

На чинија за сервирање ги сервираме претходно обарениот грашок, брокула и ориз. Ролатот го вадиме од тавата и го сечеме на парчиња заедно во чинијата со обарениот зеленук.

На здравје!

 

Aвтор: Александра Силјановска

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

 

Категории: Здрава храна