Како на најприроден начин да го внесете неопходното количество на магнезиум во организмот?

Како на најприроден начин да го внесете неопходното количество на магнезиум во организмот?

 

 

Магнезиумот е еден од најважните елементи што му се потребни на нашето тело. Магнезиумот е  неопходен минерал, кој  учествува во  повеќе од 300 биохемиски процеси во телото. Тој е потребен за регулирање на нормалните дневни функции,  мускулната контракција, срцевиот ритам, контролата на нивото на шеќер во крвта и е поддршка на целиот имунолошки систем.

семки од тиква

Извор : Pixaby

Магнезиумот го има во меките ткива, мускулите и крвта. Тој  влијае за нормалното функционирање на метаболизомот и  производството на енергија, како и на намалување на чувството на замор и слабост. Исто така, магнезиумот е клучен за пренесување на калциумот до коски. Магнезиумот го одржува калциумот растворен во крвта и без магнезиум, резервите на калциум би останувале во бубрезите, артериите и зглобовите. Идеалниот однос на калциум и магнезиум за оптималното здравје на коските е 2: 1.

Внесувањето на  доволно магнезиум помага во намалување на појавата на многу хронични болести како Алцхајмерова болест, дијабетес, мигрена и срцеви заболувања. Магнезиумот ги ублажува предменструалните симптоми, помага во намалување на подуеноста, чувствителноста на градите и промените во расположението.

Денес голем дел од луѓето страдаат од недостаток на магнезиум. Една од причините е слабиот квалитет на  храната, не внесувањето да  доволни количини на овошје и зеленчук, конзумирањето на брза храна,  вештачки шеќери, пиењето на чај и кафе во големи количини, кои се диуретици влијаат на брзото исфрлање на магнезиумот од организмот  придонесуваат за намалените дневни количини на магнезиум. Згора на ова секојдневниот стрес, недоволниот сон дополнително ја зголемуваат потребата за магнезиум на онака намалените дози на овој минерал.

Како знаци дека имате недостаток од магнезиум се мускулни грчеви, изнемоштеност, замор, висок крвен притисок, повраќање, гадење, вознемиреност, губење на апетит.

магнесиум

Извор: Pixaby

Најдобри извори на магнезиум се оревите и семињата, мешунките, интегралните житарки, зелените зеленчуци, млечните производи, чоколадото и водата.

За да ги достигнете дневните дози на магнезиум, кои за мажи се 400-420 mg и за жени  се 310-360 mg на ден, се препорачува секојдневно во исхраната да внесувате:

  • Овошје и зеленчук: 5 грста на ден
  • Цели зрна: 2 порции на ден
  • Ореви и семиња: 30 g дневно
  • Мешунки: неколку оброци во текот на неделата.

магнезиум

Освен преку исхрана магнезиумот може да се прими и како суплимент во форма на капсула или прашок.

Mагнезиумот може да се апсорбира и преку кожата со нанесување на магнезиумово масло. Магнезиумовото масло  е раствор на кристали од магнезиум хлорид во вода.

Поради лесната апсорција на магнезиумот преку кожата, идеален начин да внесете магнесиум и истовремено да извршите детоксификација на телото се купките со Епсон  солта ( попозната како англиска сол, која во свој состав содржи магнесиум и сулфур).

епсон сол

Извор: Pixaby

Купка со сол од магнезиум

1-2 чаши Епсом сол

1/2 чаша хималајска или морска сол

10-15 капки есенцијално масло по Ваш избор

Во сад се мешааат Епсом солта и хималајската сол и се додава есенцијално масло. Целата смеса се додава во топла бања. Легнете и уживајте во смирувачка и релаксирачка купка пред спиење. Се препорачува барем еднаш во неделата.

купка магнезиум

Извор: Pixaby

Категории: Здрава храна