Спречува развој на коронавирус, лечи конјунктивитис и херпес – лековито растение кое ги фасцинира научниците

Спречува развој на коронавирус, лечи конјунктивитис и херпес – лековито растение кое ги фасцинира научниците

 

 

Научниците од неколку бугарски истражувачки организации ги здружија силите за да докажат дека камениот цвет (Graptopetalum paraguayense) може слободно да се окарактеризира како лековито растение. Помага во лекувањето на инфекции предизвикани од сезонски вируси и корона вирус.

Истражувањата започнаа во 2017 година, откако беше утврдено дека ова растение има благотворно дејство и помага во лекувањето на конјунктивитис и херпес.

Тогаш научниците решија да ги испитаат лековитите својства на растението кога станува збор за вирусот на грип.

Набргу откако започна пандемијата на корона вирус, научниците повторно ги фокусираа своите напори на истражување на ефектите на растението врз корона вирусот.

Истражувањата покажаа дека камениот цвет може многу да го спречи развојот и размножувањето на вирусот – а ефикасен е над 63 проценти.

На овој проект работат научници од Институтот за органска хемија, Институтот за микробиологија и Институтот за општа и неорганска хемија БАН, Националниот центар за инфективни и паразитски болести и Институтот за агрономија и биологија на Академијата за земјоделство.