Владата ја усвои предлог-одлуката за прогласување на дел од Малешево за заштитено подрачје во категорија V- заштитен предел, со што територијата на заштитени подрачја на ниво на држава изнесува се зголеми на 13,8 отсто.
Површината на идното заштитено подрачје заштитен предел-Малешево изнесува 11.461 хектар, во рамките на кое се предложени и дефинирани 3 зони во заштитено подрачје Малешево, воспоставени заради вршење на дејноста за заштита и унапредување на природата.
Информацијата ја сподели министерот за екологија Насер Нуредини.
Тој им се заблагодарува на Министерството за економија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за разбирањето и поддршката во заштитата на природните вредности и обезбедувањето на одржлив социо-економски развој и на ова подрачје.