Моја Фарма ве поканува на првиот бесплатен вебинар – „Услови за успешност во овоштарството: Самотестирање и проценка на сопствено производство“
Тимот на Моја Фарма со задоволство ве поканува на првиот бесплатен вебинар на тема „Услови за успешност во овоштарството: Самотестирање и проценка на сопствено производство”, кој ќе се одржи на 14.07.2021 (среда) во 19:00 часот. Предавач на вебинарот ќе биде хрватскиот експерт за технолошко советување на професионалните производители на овошје во Хрватска и регионот, м-р Дамир Лучиќ.
Лучиќ е дипломиран агроном со екстензивно искуство во областа на современите технологии за производство на јаболко, круша и цреша и имплементација на дигитални решенија во производството на овошје.
На вебинарот ќе биде претставена другата страна од овоштарското производство, односно подготвеноста на производителот, која е исто толку важна како и самото производство, и чијшто потенцијал зависи директно од постапките на производителот.
Како да станете самокритични во однос на вашето производство? Кои работи треба да ги знаете за да ја процените моменталната состојба? Каква е состојбата на пазарот? На кои детали треба да внимавате при изведување на основните агротехнички операции?
Ова се само дел од прашањата кои ќе бидат одговорени за време на вебинарот и доколку се придржувате до советите можете навистина да го подобрите процесот на производство на овошје.
Вебинарот е под покровителство на АгФутура Технологии и МТД Градина и ќе се одржи на платформата MS Teams.
Линк до агендата за вебинарот:
https://drive.google.com/file/d/1aQwr07ulwhrDgmY_lPGpHzzVbFDwAl6l/view?usp=sharing
Доколку сакате да го следите нашиот прв бесплатен вебинар и да научите повеќе за тоа што е потребно за да се биде успешен производител на овошје од реномираниот експерт Лучиќ, регистрирајте се на следниов линк: https://forms.gle/yge89pNBLtnh4RHu9
Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.