Напредно и одржливо земјоделство: Улогата на модерните земјоделски машини и решенија

Напредно и одржливо земјоделство: Улогата на модерните земјоделски машини и решенија

 

Европејците уживаат во уникатната рамнотежа на квантитет, квалитет и разновидност на храната. Напорната работа на европските земјоделци, во комбинација со посветениот ланец на производство во кој иновациите, технологијата и земјоделската механизација работат рака под рака – се клучни моменти кои обезбедуваат пооджрливи земјоделски практики. Овие одржливи земјоделски практики директно водат кон остварување на амбициозните цели на Зелениот договор на ЕУ.

Неодамна, заедничкиот Европски земјоделски систем помина низ многу значаен стрес-тест, демонстрирајќи ја својата способност да одржува стабилно снабдување со безбедна и квалитетна храна за време на пандемијата со Ковид-19. Да не се залажуваме, за земјоделството не беше апликативен системот на работа од дома. Напротив, земјоделскиот сектор работеше со полна пареа и напредните земјоделски машини и решенија ја одиграа својата улога – да обезбедат храна за европските граѓани секој ден, насекаде.

Денес, како што еволуира технологијата, така паралелно еволуираат и општествените очекувања. Постои консензус за поодржливо земјоделство, со двоен предизвик – да се произведе доволно храна, додека дополнително да се заштити природата и да се заштити нашиот биодиверзитет. Европскиот зелен договор, стратегијата „Од фарма до вилушка“, стратегијата за биодиверзитет и акциониот план за нулта загадување – поставија многу амбициозни цели што значително ќе влијаат на земјоделските практики во годините што доаѓаат во потрага по поодржливо земјоделство во Европа.

За да го прифати тој предизвик, индустријата за земјоделски машини е подготвена да ги обезбеди вистинските технологии за поддршка на земјоделците од сите гранки и со сите големини на фарми. Употребата на алатки за дигитално земјоделство, модерни земјоделски машини, системи за управување со податоци за земјоделски производи и земјоделска роботика се наведени како дел од решението за унапредување на одржливото земјоделство.

Меѓутоа, за да се зголеми навлегувањето на технологијата, треба да се усогласат европските политики, мерки и шеми за поддршка. Реформираната Заедничка земјоделска политика на ЕУ (ЗЗП) може да поддржи инвестиции во напредна земјоделска машинерија, прецизни земјоделски технологии и дигитални решенија за да им помогне на Европските земјоделци да останат конкурентни, истовремено обезбедувајќи обнова на генерацијата на земјоделските активности. Топката сега е префрлена кај 27-те земји-членки за да го остварат тоа, особено преку добро изработените Национални стратешки планови и еко-шеми.

Унапредување на одржливото земјоделство во Европа е можно, но за да се стори тоа, треба да се исфрлат рој иновации кои би ја предводеле дигиталната трансформација на европскиот земјоделско-прехранбен сектор. Во ЦЕМА, убедени се дека ако се добие вистинска рамнотежа и стимул, напредните земјоделски машини и решенија можат „да ја засеат“ иднината на одржливо земјоделство за Европа.

 

Извор: www.euractiv.com

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.