Најголем удел во креирање на бруто додадена вредност во земјоделството има Југоистокот

Најголем удел во креирање на бруто додадена вредност во земјоделството има Југоистокот

 

Според податоците од Државниот завод за статистика (ДЗС), со 29,8% во креирањето на бруто додадената вредност во земјоделството, но и со 34,4% во создавањето на вредноста на растителното производство – предничи Југоистокот на земјава.

Како што соопшти ДЗС, врз основа на анализите за 2019 година, втор во однос на креирањето бруто додадена вредност е Пелагонискиот регион со 22,9%, додека најмало учество има Југозападниот регион со 2,8%.

Во создавањето на вредноста на добиточното производство, пак, најголемо учество има Пелагонискиот регион со 21,4%.

 

Извор: МИА

Категории: Вести