Неколку идеи како да го употребувате чиа семето

Неколку идеи како да го употребувате чиа семето

 

Чиа семето има потполно неутрален вкус, па затоа може да се користи како прилог во секакви оброци. Најчесто се препорачува да се комбинира со салати, супи и сосови, но и како додаток во подготовката на леб, колачи и десерти. Употребата како додаток во сокови, смути и каши – веќе е глобален тренд.

Еве неколку идеи како да го искомбинирате чиа семето и да добиете хранлив и вкусен оброк или напиток:

  • Измешајте мелено семе од чиа, лен, тиква, сончоглед или сусам во мед и консумирајте секое утро по една лажичка за енергија
  • Чиа семето додадете го во свежо цеден овошен сок или сок од зеленчук
  • Направете вкусно смути во комбинација со други семиња
  • Може да се користи како замена за јајце. Промешајте 1 лажица чиа семе (цели зрна или мелено) со 3 лажици вода и по 10-15 минути ќе добиете текстура налик на гел, слична на белките од јајцата
  • Мелете го семето и измешајте го со брашно, млеко и јајца за да направите леб, палачинки грицки и колачиња
  • Одличен додаток е во преливите за салата
  • Може да направите и овошен сок – Чиа Фреска
  • Додадете чиа семе во изматените јајца, натопете 10 минути и направете омлет
  • Измешајте мелено чиа семи со путер или путер од кикирики за хранлив намаз
  • Направете вкусен џем со чиа. (Измешате чиа семе со бобинки и стевиа или мед)
  • Како замена за лебни трошки.
  • И секако најпознатиот десерт – чиа пудингот.

чиа

  1. Чиа Пудинг

Чиа семето се натопува во вода преку ноќ, за да добие текстура слична на тапиока. Додадете малку цимет или други зачини, малку мед по желба, и ќе добиете пудинг задоволство што може да се јаде наутро, пладне или навечер.

Состојки:

1/3 чаша семиња чиа

1 чаша млеко (кравјо, бадемово, кокосово млеко )

2 лажици мед

½ лажичка екстракт од ванила

¼ лажичка хималајска или морска сол

Во сад додадете го сите состојки, добро измешајте ги и ставете ги во фрижидер најмалку 30 минути до неколку часа, така што чиа семето ја апсорбира течностите и станува густа и слична на желатин текстура, како пудинг. Декорирајте по желба.

чиа семе

  1. Чиа Фреска

1 чаша вода

1 лимон (исцеден)

засладувач по желба

1 лажичка чиа семе

Откако ќе ја промешате лимонадата со засладувачот, додадете го семето, промешајте убаво и оставете да отстои десетина минути. Чиа семето ќе апсорбира вода и ќе стане како желе. Навистина едноставно, вкусно и хранливо!

чиа

  1. Пилинг за тело

Со чија семето миоже да направите домашен пилинг за тело, користејќи само три состојки:

1/4 чаша кокосово масло

1 лажичка сок од лимон

1 лажица семиња чиа

Во тегла додадете ги сите состојки и добро измешајте ги. Нанесете го пилингот со кружни движења на влажно лице. Оставете ја смесата неколку минути пред да ја отстраните со влажна крпа. За да ја завршите постапката, прскајте го лицето со ладна вода. Да се чува во фрижидер 3-5 дена.

 

Категории: Здрава храна