7–ми глобален форум на Милански пакт за урбана политика на храна

7–ми глобален форум на Милански пакт за урбана политика на храна

 

 

Градот Барселона е домаќин на седмиот по ред глобален форум на Миланскиот пакт за урбана политика за храна (MUFPP). Настанот ќе трае од 19 до 21 октомври, а главна цел е да се нагласи потребата за промена во системите на храна. Настанот ќе се одржи во хибриден формат со физички дел во Меѓународниот конгресен центар во Барселона (CCIB) и можност за следење на сите сесии онлајн преку стриминг. Форумот е дел од програмата осмислена од Барселона како Светска престолнина на одржлива храна во 2021 година.

Организаторите на форумот ги потврдија првите главни говорници за тридневниот настан. Меѓу експертите кои ќе го анализираат најдобриот начин за промена на системите за храна, за справување со климатските вонредни состојби и каква е улогата на градовите во ова сценарио, се Вандана Шива, Марк Вотс, Бренд Локен, Џејн Батерсби, Франческо Бранка, Мајкл Факри и Даниел Ниремберг.

Настанот ќе се фокусира на тоа како да се избегнат емисиите на стакленички гасови во целокупниот процес на поизводство, дистрибуција и депонирање на храна во урбаните средини. Освен тоа, ќе се дискутира како да се развијат интегрирани политики за храна за здрави граѓани на здрава планета, и што е најдобро – да се обезбеди соодветна инфраструктура за храна за да се хранат градовите. Тридневниот настан ќе се осврне на тоа како да се искомуницираат овие прашања, а ќе се објасни и концептот „Правда за храната“. Покрај гореспоменатите точки, форумот ќе ги истакне научените лекции за нестабилноста на системите за храна за време на КОВИД-19 пандемијата и улогата на пазарите на големо во трансформирање на системите за храна.

Миланскиот пакт за урбана политика на храна е еден од основни темели на кој е базиран проектот „Ко-креирање на стабилни и одржливи системи на храна во согласност со FOOD2030“ (CITIES2030). Овој проект е со траење од четири години (2020-2024) e финансиран од Европската Унија преку програмата за истражување и иновации Хoризонт 2020. Конзорциумот на проектот CITIES2030 е составен од 41 партнер од 19 европски земји, а дел од партнерите се и македонската компанија АгФутура Технологии, како и македонското здружение Платформа за зелен развој.

 

Извор: https://www.barcelona-milanpact2021.com/press