Николовски на состанок со Координативното тело за утврдување на злоупотребите со бројната состојба на овците
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски одржа состанок со Координативното тело за утврдување на злоупотребите со бројната состојба на овците, на кој присуствуваа и претставници од Сојузот на одгледувачи на овци.
„Тие изкажаа големо задоволство за мерките што ги преземаме за оваа сточарска гранка.
Координативното тело заедно со АХВ и Платежната агенција ќе ги утврдува сите можни манипулации, зголемување на санкции, контрола на ветеринарните друштва и утврдување на точната бројка на овците како приоритет“, истакна Николовски.
На состанокот, Николовскија презентираше и Програмата за интервентниот фонд, чии средства се наменети за сите сектори, вклучувајќи ги и сточарите.
„Секогаш сме заедно со земјоделците, ги слушаме нивните предлози и барања и работиме во интерес на нивните потреби“, посочи Николовски.