Ново поскапување на цените на горивата

Ново поскапување на цените на горивата

 

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15 %.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,348 ден/кг воден/кг и сега ќе изнесува 35,237 ден/кг.

Малопродажните цени бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се зголемуваат за 0,50 денар/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,00 денар/литар.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68,50  ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,50 ден/лит. Цената пак, на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува а 61,00 ден/лит.

 

Категории: Вести