Нормализирана цената на шеќерот во светот

Нормализирана цената на шеќерот во светот

 

 

ФАО индексот на цените на шеќерот за октомври во просек изнесуваше 120,7 поени, што е за 1,4 % повеќе во однос на октомври, што го анулира најголемиот дел од падот од претходниот месец и достигна ниво речиси 40 % повисоко од регистрираните цени во истиот месец минатата година.

Ноемвриското закрепнување на меѓународните цени на шеќерот беше главно поттикнато од повисоките цени на етанолот, што поттикна поголема употреба на шеќерна трска за производство на етанол во Бразил, најголемиот светски извозник на шеќер. Понатамошна поддршка на светските цени на шеќерот беше обезбедена од посилната глобална побарувачка за увоз, поттикната од пониските трошоци за превоз.

Генерално, сепак, нагорниот притисок врз светските цени на шеќерот беше ограничен од големите испораки од Индија и позитивните изгледи за извозот на шеќер од Тајланд.

ФАО шеќер

Извор: ФАО

ФАО шеќер

Извор: ФАО

ФАО шеќер

Извор: ФАО

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

 

Категории: Пазари