Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,36 %.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,101 ден/кг и сега ќе изнесува 37,981 ден/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се зголеми за 2 ден/лит.
Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 73,00 ден/лит и ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 75,00 ден/лит, додека пак од полноќ цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 ден/лит и ќе изнесува 63,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 3,50 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 63,50 ден/лит.
Категории:
Вести