Пуканките – здравје во зрно

Пуканките – здравје во зрно

Пуканките се меѓу најпопуларните и најздрави грицки во светот. Брзи и лесни за подготовка, нискокалорични, а  заради нивната висока содржина на растителни влакна подолго време нема да чувствувате глад.

Пуканките се единствени грицки направени од цело зрно од житарка.  Сите витамини и минерали, кои главно се наоѓаат во лушпата, се зачувани и во пуканките. Една порција пуканки обезбедува повеќе од 70% од дневните потреби за житарки. Тие содржат витамини B1, B2, B6, железо, магнезиум, фосфор, калиум, цинк, бакар, манган.

Во пуканките има околу 300 милиграми антиоксиданси, што е речиси двојно повеќе од 160 милиграми, колку што содржи порција од кое било овошје. Но, не смеат да го заменат овошјето и зеленчукот во текот на денот, затоа што во нив нема важни витамини и минерали. Сепак, големите количини на антиоксидантот полифенол ги уништува слободните радикали – штетни хемикалии кои предизвикуваат болести како рак и срцеви проблеми. Полифенолот позитивно влијае на подобрување на циркулацијата и на здравјето на дигестивниот систем.

Пуканките се богати со нерастворливи влакна кои прават да се чувствувате сити подолго време. Тие содржат три пати повеќе влакна отколку истата количина на семки од сончоглед. Како и овошјето и зеленчукот кои се богати со нерастворливи влакна, така и пуканките помагаат при констипација.

Влакната помагаат во намалување на ризикот од низа болести, од срцеви заболувања до дебелина. Освен тоа, го регулираат нивото на шеќер во крвта, па потребата за слатки ќе биде намалена, Исто така, влакната помагаат во губење на тежината и го потпомагаат здравјето на дигестивниот систем. Препорачаната дневна доза е околу 30 грама.

Во 100 грама пуканки има:

  • 387 калории
  • 13 гр протеини
  • 78 гр јаглени хидрати
  • 15 гр растителни влакна
  • 5 гр маснотии

Ова се неколку од здравствените предности на пуканките. Ако навистина сакате тие да бидат хранлив оброк, тогаш подготвувајте ги сами. Исфрлете ги од исхраната пуканките кои се подготвуваат во микробранова печка, бидејќи тие се многу богати со калории.

 

Автор: Александра Силјановска

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Здрава храна