Дали знаеме што се пченични никулци и колку се хранливи? Во овој текст, одблизу ќе разгледаме нешто повеќе за пченичните никулци и ќе видиме како можеме да ги вклучиме во нашата секојдневна исхрана.
Зрното пченица се состои од три дела: надворешната лушпа (пченични трици), скробниот ендосперм (што се користи за производство на брашно) и пченичниот никулец (репродуктивниот елемент). Овие три компоненти нудат многу хранливи материи: влакна, сложени јаглехидрати, витамини, минерали, масни киселини и антиоксиданси. Меѓутоа, кога се обработуваат цели зрна и од нив се добива белото брашно, триците и никулците се отфрлаат, а останува само скробниот ендосперм. На ендоспермот му недостасуваат нутриенти, односно влакната што се во триците и хранливите материи од никулецот.
Пченичните никулци, како и целото зрно, се исклучително богати со хранливи состојки. Никулецот е богат и со растителни влакна, кои придонесуваат за подобра работа на дигестивниот систем кај човекот. Изртено пченично зрно содржи 700 пати повеќе магнезиум, 5 пати повеќе калциум и дури 12 пати повеќе фосфор. Никулците содржат и витамин Б1, кој помага во обновување на нервниот систем, но исто така ги содржи витаминот Е, железо, селен и цинк.
Цинкот помага да се зајакне имунолошкиот систем и да се бори против вирусите. Магнезиумот, исто така, помага да се зајакне вашиот имунолошки систем, помага да ги одржите срцето и коските силни, а важна улога има и во опуштањето на мускулите. Манган игра важна улога во здравјето на коските и одржување на имунолошкиот систем.
Можете да ги додадете во смути или измешајте ги во чинија со ладно млеко и житарки. Кога печете колачиња, мафини и леб, можете да користите пченични никулци за да замените до 1/2 чаша брашно. Можете да ги додадете никулците од пченица во многу различни видови храна за да ги почувствувате нивните здравствени придобивки: салати, супи, чорби, мафини, лебови, месо, ќофтиња, мусли, барови од гранола, овесна каша, колачиња и.т.н.
Пченичните никулци се добиваат со потопување на пченичните зрна во вода, во времетраење од 12 часа. Времето на ‘ртење е 3 до 4 дена. Идеална температура за ‘ртење е 20 степени Целзиусови.
И покрај тоа што е прилично мал, никулецот има големи нутритивни вредности, 28 грама пченични никулци содржат:
101 калории
14,5 g јаглени хидрати
6,5 g протеин
2,7 g маснотии
3,7 g влакна
3,7 mg манган (186 % ДВ)
0,5 mg тиамин (35 % ДВ)
22,2 mg селен (32 % ДВ)
236 mg фосфор (24 % DV)
3,4 mg цинк (23 % ДВ)
78,7 mg фолна киселина (20 % ДВ)
0,4 mg витамин Б6 (18 % ДВ)
66,9 mg магнезиум (17 % ДВ)
0,2 mg бакар (11 % ДВ)
1,9 mg ниацин (10 % ДВ)
1,8 mg железо (10 % ДВ)
0,1 mg рибофлавин (8 % ДВ)
250 mg калиум (7 % ДВ)
% дневна вредност (ДВ) покажува колку нутриентот присутен во одредена количина на храна придонесува во дневната исхрана. Притоа, 2000 калории на ден се користи како генерална препорака во исхраната.з
Пченичните никулци, како и пченицата, содржат глутен. Затоа ако страдате од целијачна болест или нетолеранција на глутен, најдобро е да ги избегнете. Како добра замена за пченични никулци се: мелен лен, мелени семки од сончоглед и овесни трици.
Масло од пченични никулци
Маслото од пченични никулци e особено богато со витамин Е. Само една лажица е доволна да ги задоволи дневните вредности на витаминот Е. Овој витамин содржи моќни антиоксидантни својства кои можат да помогнат во заштитата на клетките, и на тој начин дава поддршка на целиот имунолошки систем. Маслото од пченични никулци е одлична состојка во готвењето и природен начин за подобрување на здравјето на кожата и косата.
Пченичен никулци или пченични трици
Нутритивно, и никулците и триците имаат некои сличности. На пример, и двете се богати со селен, манган, фосфор и магнезиум. Сепак, пченичните никулци обезбедуваат поголем број витамини и минерали, додека пченичните трици се пониски во калории и содржат три пати повеќе влакна. За дополнителен внес на влакна, дефинитивно изберете ги пченичните трици, затоа што даваат чувство на ситост и имаат умерена калорична вредност. Но ако сакате да се осигурате дека ги добивате потребните витамини и минерали, пченичните никулици се правиот избор.